Top

Викенд хороскоп (02.03.2019 – 03.03.2019)

horoskop-625-200

ОВЕН
И вашиот хороскоп за викендов не е од најсјајните, но саботата само околу 14 часот имате можности за некаква нервоза или немотивирани изблици и ерупции, импулсивност и тоа најнапред поради некаков резултат од некаква активност која нема да ви се допадне или поради пријател и негово постојано жалење на иста тема, што е класично крадење на вашата енергија. Останатиот дел од денот прилично стокмен, добар, алтикулиран. Неделата прилично напната од самиот почеток, прилично голема немарност, арогантност од ваша страна кон најблиските и секако нивна реакција која ќе ви ја обележи не само неделата но и неколкуте следни дена.

БИК
Лош аспекти на Венера со Јупитер и кога двете среќи во зодијакот имаат антагонистички аспект, тоа значи најпрво дека поради бавноста на планетите аспектот ќе има влијание неколку дена, второ дека се работи за голема арогантност, суетност, себичност, немарност за потребите и чувствата на другите, очекување на уважувања и обожавања од другите. Сите овие да речам прилично лоши особини помалку или повеќе можат да се манифестираат по прашање на располагање со нечии пари, особено со парите на партнерот, со очекување на поддршка.

БЛИЗНАЦИ
Јупитер во вашиот знак има прилично незгоден повеќедневен аспект со Венера која се наоѓа во Стрелец, па оттаму прилично напната атмосфера викендов со партнерот или со нешто во врска со него. Ова уште повеќе ако врската или односот ви е разнишан отпорано, што претпоставува само дека недоразбирањата ќе се продлабочат и можат да кулминираат. Од друга страна можат да ви се манифестираат или да манифестирате многу ароганција на или од некого на јавно место или јавен простор. Не е баш периодот ниту за започнување на нови врски.

РАК
Со оглед на честите аспекти кои ги има Месечината вклештена помеѓу неколкуте викендов на потешките планети, ќе имате големи и брзи промени на расположението, а можеби и на односите со некои личности од вашата најнепосредна околина. Најчесто тоа ќе бидат некакви дневни активности и потреби, но највеќе проблеми може да имате ако се обидувате да бидете конспиративни со некого или да ги правите работите скришно и тајно во однос на другите. Реакциите кога ќе ве откријат, а ќе ве откријат, ќе бидат големи и на место.

ЛАВ
Немате бог знае каков хороскоп за викендот, а тоа значи дека саботата ќе ви биде подобра од неделата. Во сабота доста суеверие, муабети околу пропаста на светот и промените, нормално малку заплашување, иако тоа треба да се отфрли како алатка со која се владеат луѓето. Нејсе, во неделата малку потврди аспекти од кои некои ќе траат и неколку дена, а во врска се со пријатели, пријателства и сите личности кои тврдат дека имаат чувства кон вас. Манифестација на индолентност, немарност кон вашите потреби, арогантност која може и вие да ја манифестирате.

ДЕВИЦА
Во целата канонада од аспекти викендов ми се чини дека најдобро ќе се снаоѓате, во сабота нешто подобро, во неделата не толку, а можностите се подобри за вашиот хороскоп, бидејќи неделата е неработен ден а аспектите инклинираат кон судири со важни и моќни личности, но аспектот има дејство до вторникот, па би требало да се внимава. Во неделата можен ви е судир со доминантен и диктаторски настроен родител пак на тема пари, финансии, кои кому и колку дал, овозможил, а можеби кон ова прашање ќе се инволвираат и други, најчесто блиски од вашето опкружување.

ВАГА
Како први денови после крајот на светот прилично динамични аспекти на небото кои навестуваат дека уште доста ќе се зборува за датата 21, ќе има доста сомневања дали е баш таа дата и пак ќе има малечок страв, бидејќи ние сме воспитани во концептот на плашење, страв, започнувајќи од воспитувањата или програмирањата од нашите родители, па преку школото, религијата, работата. Сепак малку повеќе мистицизам викендов, кој нема да ви помогне. Ќе ви помогне настојувањето да се смените себеси, најпрво справувајќи се со своите стравови.

СКОРПИЈА
Прилично напнати денови, повеќе би рекол динамични, за време на викендот, многу активен Нептун, значи доста мистицизам, тајновитост, можеби некаков мал успех по материјалните прашања, пари, но секогаш во врска со некој од поблиските, брат, сестра или некој така близок. Всушност, саботата многу добра по сите прашања, неделата малку погуста, особено ако очекувате од некого помош или очекувате од некого пари, поткрепа, но и вие малку престроги и веднаш да осудите некого или нешто. Та нели рековме дека ќе се менуваме?

СТРЕЛЕЦ
Викендов можеби ќе бидете малку конфликтни со другите од причини што не трпите глупости, барем не можете да издржите долго време, освен ако не сте со таков хороскоп и самите да учествувате во нив. Но, говорам за дневни ситни глупости, за оние кои се резултат од непромисленост, неразбирање, а не од оние крупните, на кои сте наклонети. Мислам, секој од нас си има направено некоја кардинална да речам глупост во животот, иако на дневно ниво се обидуваме да бидеме умни. Така викендов еден куп глупости околу вас, мистицизам, непотребни драматизации и стравови.

ЈАРЕЦ
Да го режиравте почетокот на владеењето на вашиот знак немаше да биде вака добро изрежирано, па викендов се уште во тој манир и расположение. Аспектите не ви се баш многу наклонети. Марс во саботата трпи лош краткотраен аспект од Месечината, што покажува можности за раздразливост, нервоза, немотивирана експлозивност, а Плутон во недела што покажува упорност и фанатична настојчивост, егоизам. Иако двата аспекта се куси, го бојат денот, ако во меѓувреме не набилдате доволно енергија. Велам во меѓувреме, вие доста мечтовити со жива имагинација, но сепак во неделата доста мрзоволие, немарност, индоленција.

ВОДОЛИЈА
Сите сатисфакции на емотивен или его план ви доаѓаат од работите кои ги знаете само вие и уште некој, но не повеќе. Значи, ви доаѓаат од се што е конспиративно, тивко, тајно, необнародено. Наспроти тоа, на јавен план прилично напнат викендов, а аспектите се од типот на тридневно дејство, што значи дека ќе бидат во заднина до среда ако не и повеќе. Социјалниот живот активен, но и напнат, нервозен, посебно со некои пријатели, а поради некаква его повреда или заемна суетност.

РИБИ
Вашиот владетел Нептун е во вашиот знак и прави во саботата еден мек и убав аспект со Сонцето, кој ќе ја поткрепи вашата и онака силна мечта, имагинативност, мистицизам, таинственост, но и ќе ви ја засили енормно интуицијата, нормално за оние припадници кои имаат такви склоности во личниот хороскоп, а повеќето имаат иако има и од оние кои повеќе веруваат во мистичноста на парите и нивната моќ. Од друга страна Јупитер во недела има тврд аспект со Венера што секогаш инклинира кон индолентност, неактивност, немарност, особено кога се во прашање некакви роднински обврски и односи.